Според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, законите не важат исто за сите, а начинот на кој денеска беше приведен и однесен на распит во Кривичниот суд поранешниот Генерален секретар на Владата – Драги Рашковски, е уште еден доказ за тоа.
Споделувајќи фотографија од приведувањето, Мицкоски пишува:
„Ако си соработник на Зоран Заев, за сомневање за сторен криминал завршуваш со одземен пасош или во куќен притвор, а во суд одиш со рацете во џеб.
Во спротивно добиваш 30 дена затворски притвор и во суд те носат со лисици на рацете!“.
Во вечерашното гостување во „Само интервју“, Мицкоски истакна дека тој и ВМРО-ДПМНЕ однапред посочиле што ќе се случува и дека најавиле дека Рашковски ќе добие куќен, а не затворски притвор (како што бара, впрочем, обвинителството). Мицкоски прогнозира и дека наскоро можно се дополнителни две обвиненија, по што куќниот притвор на Рашковски би бил заменет со ефективен.
Видео од моментот кога Рашковски беше спроведен во Кривичниот