Филипче: Дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години

Во салата „А1 Борис Трајковски“ во Скопје од вечерва се на располагање дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години, информира Министерството за здравство и министерот Венко Филипче.

Термините се отворени од вечерва и граѓаните од оваа возрасна група, кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, може да се пријават кај својот матичен за да им закаже термин за вакцинација, порача Филипче.

Вакцинацијата на овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во „А1 СЦ Борис Трајковски“ во Скопје.

- Реклама -