Одлично помина првиот ден од вакцинацијата во А1 арената „Борис Трајковски“, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Како што вели тој, во просек се вакцинираат околу 300 лица на час, или околу 3000 дневно.
„Денес се вакцинираа дел од здравствените работници како и еден дел од припадници на МВР. Утре продолжува вакцинациајта на МВР и започнува на припадниците на АРМ. Колегите ме информираат дека целиот систем функционира беспрекорно и тоа многу ме радува. Да бидеме максимално претпазливи во неделите што следат и да ги почитуваме мерките без исклучок. Од утре стапуваат на сила поригорозни мерки и сите да го дадеме својот придонес во битката со пандемијата“, порача Филипче.