Клуге: Владата направи сѐ што требаше околу вакцините и вакцинацијата, барам уште малку трпение

„Владата на Северна Македонија стори сѐ што требаше, не само за вакцините туку и за да подготви здравствениот систем за вакцинација“, порача денеска регионалниотѕ директор на Светската здравствена организација за Европа – Ханс Клуге, во интервју за „Телма“. Доцнењето на вакцините, според него, се должи на глобалниот недостиг.

„Глобално има недостиг од вакцини. Вистина е дека Северна Македонија се запиша во КОВАКС механизмот, што е одлично, но сѐ зависи, прво – од достапноста на вакцините, значи од производство на вакцини, и второ – договорот кој треба да се потпише со УНИЦЕФ. Владата на Република Северна Македонија стори сѐ што требаше, не само за вакцините, туку и за подготвеноста на здравствениот систем, да обезбеди соодветна обука и опрема. И нарачката за Северна Република Македонија веќе е направена, затоа сега е прашње на недели. Во контакт сум со седиштето на УНИЦЕФ како и со регионалната канцеларија за да се стори сѐ што е возможно да се забрза процесот“, рече Клуге.

Тој потенцираше дека нарачаката е направена и комплетирани се финансиските и административни процедури, а потенцираше и дека е во постојан контакт со министерот за здравство Венко Филипче.

Прочитајте и:  Филипче: Мојот личен став е дека треба да се поддржи интерпелацијата за Гаши и тоа ќе го предложам

„Системот е подготвен, од страна на државата е направено сѐ што треба, но она што треба да го знаеме е да се има уште малку трпение, да се почитуваат мерките за јавното здравје“, порача регионалниот директор на СЗО за Европа.

Според Клуге, решение за недостигот на вакцини е единствено зголемување на производството од страна на производителите, а единствено оружје против вирусот е солидарноста на земјите.

„Солидарноста засега е единственото оружје против вирусот. Непријателот е вирусот. Посветени сме на солидарноста. Секоја држава се бори. Точно е дека имаме проблем и затоа е многу важно да се зголеми капацитетот на производство, бидејќи цел свет се соочува со овој недостаток“, рече тој.

- Реклама -