Попис треба да има кога ќе се создадат услови, но само по европски стандарди, вели Петар Богојески, лидерот на движењето „Македонски концепт“, во изјава за „Цивил“.
Според него, бојкот на пописот би бил голем антимакедонски чин.
„Повиците за бојкот на пописот се најантимакедонски чин во овој момент, многу поголем и поантимакедонски чин од повикот за бојкот на референдумот пред неколку години“, порачува Богојески.
„Ако тогаш му завршија работа на Груевски, сега со овој бојкот на кого од мафијата треба да му се заврши работа?“, прашува тој.