„Буткаaт и по 10 пати кандидати што возат подобро и од комисијата, само за да земат повеќе пари“, сведочи сопственик на авто-школа

„Создаден е монопол. Кандидатите знаат да ги буткаат и по 10 пати на испит, само за да добие повеќе пари тој што го има тендерот. Ова е масакр. Кандидатот вози подобро и од комисијата, која со познаници одвај ги поминуваат нивните кандидати. Само видете ги кои луѓе се тие. Немаат врска со мозокот, а го оценуваат нашето знаење и кандидатите. Тоа е катастрофа“, открива за „Алсат“ сопственик на една авто-школа, од која цели 8 месеци ниту еден кандидат не положил пред комисија.

Според сопственикот, тоа е резултатот на тоа што неговата авто-школа е уценувана поради потписите од Здружението на инструктори против злоупотребите на Испитниот центар во Скопје и неговиот раководител – Златко Ангеловски, кој, како што вели тој, прави опструкции за секоја иницијатива против него.

Ова сведоштво следува откако скопјанка, по професија адвокат, за првпат јавно проговори против „злоупотребата од системот“, која е јавна тајна – кандидати-возачи да бидат буткани од комисијата сѐ додека не понудат мито. Таа самата паѓала пет пати, бидејќи, како што вели, не дала мито.

„Доаѓа комисијата во најарогантна форма, како каубојци влегуваат во автомобилот и провоцираат. Возите и повторно ве враќаат на истото место, па ви велат: ‘Мора да учите уште малку’“… Прилогот погледнете го ТУКА.

- Реклама -