Кордон специјалци ги блокираат демонстрантите за „Монструм“ кај Битпазар (ВО ЖИВО)

Оклопни полициски возила, полицајци со панцири и припадници на другите единици при Министерството за внатрешни работи, од кои дел ги смируваат повремените обиди на поединци меѓу демонстрантите кои повикуваат на пробивање на кордонот полицајци со штитови, кој прво кај „Јаја Паша“ во Чаир, а во овој момент кај ТЦ „Мавровка“, се обидува да ги задржи многубројните демонстранти да не продолжат кон Судот и Владата – ваква е моменталната слика на денешниот протест против пресудите во „Монструм“.

На терен, на локации низ градот, се забележуваат и повеќе амбулантни и противпожарни возила.

Протестот во живо можете да го следите на следниот лајвстрим:

- Реклама -