Реакција на Пендаровски за бегството на Мијалков: Вакви случувања се неприфатливи за земја што претендира за членство во ЕУ

Претседателот на државата – Стево Пендаровски, ги повика сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за притвор на поранешниот директор на УБК – Сашо Мијалков.

„Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава. Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција“, категоричен е Пендаровски.

Тој изрази очекување дека надлежните институции во најкус можен рок ќе спроведат истрага за целосно расветлување на случајот и доколку бидат констатирани какви било пропусти од страна на надлежните институции – дека ќе биде преземена одговорност.

„Граѓаните бараат одговорност и кривична и морална. Борбата за правна држава значи секој кој се огрешил пред законот да биде казнет“, порача претседателот.

- Реклама -