Пристигнувањето на вакцините е одложено по барање на Србија, велат од Владата

Примопредавањето на пратката вакцини од Република Србија за Република Северна Македонија е одложена од технички причини, а по барање на Србија, велат од Владата.

Како што појаснуваат од владината прес-служба, српските власти побарале неколку дена време поради потребата да достават дополнителни документи што од нив ги побарала компанијата производител на вакцините – „Фајзер“, пренесува „Телма“.

Претходно, доцна синоќа, од Владата соопштија дека примопредавањето на вакцините најавено за денес, кое требаше да се случи меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев на граничниот премин Табановце, е одложено за „наредните денови“ поради „потреба од усогласување на техничката документација“.

Владата сепак уверува дека работат со сиот капацитет да обезбедат вакцини со што би почнал процесот на имунизација против Ковид-19.

Прочитајте и:  Владата го усвои Предлог-буџетот за 2025 година
- Реклама -