Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев за емисијата Клик плус на ТВ 21 изјави дека попис мора да биде нарпавен, и дека најидеално е пред летото, бидејќи после летно време тешко се изведува, а есента доаѓаат избори.
„Дека попис ни е неопходен, тоа е повеќе од јасно. Замислете 20 години да немаме попис, тоа е катастрофа. Ако доаѓате од бизнис секторот, имате попис секоја година или месец, и замислете држава да не си го попише сопственото население. Тоа се неколку генерации.
Сега сме засегнати со ковид ситуацијата и мое мислење е дека тоа ќе трае малку подолго. И вакцините да пристигнат, пикот тешко ќе се намалува. Ако чекаме да помине пандемијата, па ќе дојдат изборите, па ќе дојдат други избори, и никогаш нема да направиме попис.
Покрај населението ќе попишеме и многу други делови во општините кои не сме ги занеле до сега: од семејства, образование, енергетика… многу работи кои се предуслови за развој на една држава. Треба да се направи попис, да има протоколи донесени од Министерството за здравство. Ништо не е страшно ако ги почитуваме протоколите. Ако не го направиме пописот пред почетокот на летото, тогаш летен период тешко ќе се изведе“, рече Јанчев.
Запрашан за ситуацијата во ВМРО-ДПМНЕ, за тоиа дали има контакти со членовите од т.н. „Мериот коалиција” и дали би поддржал предвремен конгрес, Јанчев одговори:
„Да, имам контакти со речиси сите членови, поранешни и сегашни. Верувајте дека има луѓе кои објективно размислуваат за ВМРО-ДПМНЕ. Партијата им значи нешто, за основа на градење на политика. Има загриженост во делот на раководењето. Да, имам контакти и со, како што се нарекува, „Мериот коалицијата”. Знаеме дека сакаат предвремен конгрес и јас тоа би го поддржал”, вели Јанчев.