Се соочуваме со избор, да не-делуваме и да си останеме во конформната зона, да бидеме неми следачи на едни тешки моменти во кои се наоѓа она со што се поистоветуваме, или пак да бидеме храбри и одлучно и бескомпромисно да застанеме да се избориме за она што искрено го сакаме.
Храброста е нашиот избор, дела наместо зборови.
Имаме можност да напишеме нови славни страници од историјата на црвено црниот свет, а за тоа да го направиме потребно е да направиме само еден мал чекор, да купиме билет на еден натпревар каде игра нашиот Вардар.
Ова е шанса за сите нас кои од страна навивавме нештата да тргнат во вистинската насока, чекајќи други да ја завршат работата. Сега од нас зависи, никој од страна нема да го направи тоа што е наша чест и привилегија да го направиме, никој не може да го одбрани посилно Вардар од нас Вардарците…
КУПИ БИЛЕТ ЗА СПАС НА ВАРДАР !!!
Еден Билет чини 100 денари.
Секој билет значи, секој билет е еден чекор поблиску до целта, за секој билет Вардар ќе ви биде благодарен, но сакајќи да дадеме на значење на историските години за ФК ВАРДАР:
– 47 билети за СПАС негов ќе значат пред се признание за вашето лично учество, но и вашето име ќе биде запишано на клубските ѕидини покрај забележителните моменти од богатата клубска историја.
– 87 или повеќе билети за СПАС НА ВАРДАР ќе ви доделат Сертификат заверен од ФК Вардар, како признание за вашето лично или учеството на вашето Здружение, Организација, Компанија во борбата за спас на Вардар.
Целта е со масовно активно учество, да се соберат доволно средства за продолжување на животот и надежта за Вардар. Целта е распродаден Градски стадион, и веруваме дека заедно можеме да ја оствариме.
Во соработка со МК Тикетс, ФК Вардар и под надзор на надлежни државни институции, овој процес ќе биде максимално транспарентен и јавен. Средствата собрани од оваа акција ќе завршат кај оние кои го бранат нашето име на теренот, и од кои очекуваме бескомпромисна борба на секој натпревар до крајот на сезоната.
Да се сплотиме и сите заедно да бидеме Вардар !
#КупиБилет #ЗаСпасНаВардар
#ВардарЌеЖивее