ФБ статус на Тасевски
ПИСМО ДО НАРОДОТ НА НИКАРАГВА
Драги Никарагвајци…
Сигурно утрово се разбудивте во шок кога дознавте дека сме ви туриле економски санкции.
Првиот шок веројатно ви дојде од помислата дека првпат слушате за нас.
Вториот шок ви дојде кога сфативте дека немате поим што ви увезуваме, па за да го блокираме тоа.
Третиот шок ве дрмна кога проверивте и дознавте дека ништо не увезуваме кај вас, освен можеби, ремонтирани покер автомати, чорапи три за сто и билтени од кладилници, пошто друго и немаме за извоз.
Ама не верувам дека тоа сте порачале од нас, зашто вие децении живеете од колумбиските и мексиканските нарко картели.
А може беда и несреќа сме ви извезувале, пошто тоа имаме за извоз, ама тоа никој нејќе, па верувам ни и вие.
Верувајте и ние сме шокирани од потегот на нашата власт и некако затечени.
Мора да сфатите дека ние Македонците како народ, немаме врска со нашата власт. Они не прелажаа, иако имаат интелигенција на бројлерче.
Значи и ние не сме нешто паметни, ама барем ни остана чувството на срам, кое оваа наша власт никогаш и не го имала.
Што друго да ви кажам Никарагвајци мили, освен да ви се извинам.
Сепак знам дека писмово нема да стигне до вас пошо баш ве заболе и за него и за санкциите.
Ако случајно стигне и некој ваш медиум го преведе, треба да знаете дека живееме во шупакот на Европа… А бе Европа… Знаете Европа каде е?
А бе ај бркајте си ја работата не мора да знаете непотребни работи. И онака сте посреќни од нас.