Државата има капацитет да спроведе попис во време на пандемија, уверува министерот за здравство Венко Филипче, откако денеска со 62 гласа беше усвоен Законот за попис.
Тој најави дека и Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ќе бидат достсапни за сите чинители на процесот со свои стручни совети, едукација и изготвување протоколи за оваа, како што ја нарече, „комплексна“, но операција од „клучно“ значење за државата.
Притоа, Филипче потсетува на ланските парламентарни избори, кога изборниот процес помина, како што вели, без ниту една забелешка и запазени беа сите здравствени протоколи.
Министерот за здравство се повика и на СЗО, чиј став, како што истакна, е дека пандемијата не треба да ги запира процесите, туку дека тие треба да продолжат и да се спроведуваат со соодветни протоколи.