Апасиев: Случајот со Бентлито е како анегдотата за богатиот Римјанин кој од заебанција им мавал шамари на граѓаните

„Има една анегдота од Римското право во врска со актуелнава казна од неверојатни 45 ЕУР за возачот на Бентлито на плоштад…“, пишува пратеникот и претседател на Левица – Димитар Апасиев, на Фејсбук.

„Еден богат Римјанин севезден си го земал својот роб, на кого му давал едно ќесе монети, и се шеткал на Форумот (градскиот плоштад во Рим) – при што, од заебанција, намерно им мавал ШАМАРИ на римските граѓани кои случајно си поминувале низ градот!?

Кога овие, природно, ќе изреагирале, тогаш робот кој го носел ќесето поштено ја плаќал паричната казна на газдата ‘според законот’ – која, btw, била смешна сума за тоа време. 😉 “, раскажува Апасиев.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

„Ете затоа КАЗНИТЕ треба да бидат соодветни на делото, за да моќниците и силеџиите не си играат курташак со народот и со Државата!“, порачува пратеникот.

- Реклама -