Се ближи крајот на 2020 година, а сончевиот систем одлучи да нè почести со космичко Божиќно чудо кое не е случено 800 години наназад. На 21 декември (исто така декемвриска краткоденица), Јупитер и Сатурн ќе се доближат толку блиску на ноќното небо што од нашата гледна точка овде на Земјата ќе се чини дека ќе се судрат, создавајќи зрачна светлосна точка што се нарекува „Ѕвездата на Витлеем“ или „Божиќна Sвезда“.
Уметничкиот центар “ПОЛИФОНИЈА” од Скопје, формиран во 2003година па се до денес функционира, дејствува и твори во сферите на културно-уметничките настани и образовни полиња, превземајќи значајна улога во реализација на проекти поддржани од Министерство за Култура на Република С.Македонија, како и проекти на Меѓународно ниво.
Оваа година “ПОЛИФОНИЈА” се приклучува кон светската Божиќна традиција со концерт ХЕНДЕЛ МЕСИЈА во изведба на Ансамблот IN MEDIAS RES.
Ораториумот Месија се смета за монументално дело на сите времиња, чиј автор е славниот Георг Фридрих Хендел (1685-1759). 280год. по создавањето на ова ремек-дело – спој на најславната приказна на сите времиња и неверојатна вештина на композиторот, публиката низ светот редовно ја слуша оваа музика еднаш годишно, така таа станала Божиќен обред или ТРАДИЦИЈА.
Специјални гости-солисти со Меѓународно реноме.
Благој Нацоски, Биљана Јосифов, Васил Гарванлирв и Надежда Рубен
Во придружба на Хорот на Света Злата Мегленска
Под диригенска палка на Ѓурѓица Дашиќ
Хор мајстор Летка Полизова
22 Декември, 2020год. со почеток во 19 часот – Слободен влез / задолжителна резервација Национална Опера и Балет.
Настанот е подржан од Министерството за Култура на РС Македонија
Проектот е во продукција на ПОЛИФОНИЈА
Продуцент Орце Ицковски
Уметнички раководител и концертмајстор Сања Шуплевска
Маркетинг Верче Пецева