Персеј, Филип V, Аминта III и други фигури на мостот „Око“ добија табли дека се хеленски

Утрово на мостот „Око“, пред секоја фигура која се однесува на личности од античкиот период на Македонија, поставени се метални табли на кои е нагласено дека дадената личност „припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и светското културно и историско наследство“, објави „Нетпрес“, повикувајќи се на фотографии објавени на социјалните мрежи.

Меѓу фигурите кои добија вакво објаснување, а кое е пропишано со Преспанскиот договор со Грција, се и оние на Персеј (последниот цар на античка Македонија), Филип V (кој владеел од 221 до 179 година п.н.е. и ги предводел Првата и Втората македонска војна против Рим), како и Аминта III (крал на Македонија од 393/389 до 369 година п.н.е., татко на Филип II и дедо на Александар Македонски).

Впечатливо е што таблите се поставени на начин што паѓаат безмалку во прв план во однос на фигурите.

 

- Реклама -