Пендаровски: Ако некој ве обвинува и немате што да вратите, треба да се повлечете од политиката

Во работењето на државните функционери, освен кривично-правната треба да се внимава и на политичката и морална одгворност, порача претседателот на државата Стево Пендаровски во „Само интервју“ на „Канал 5“.

„Освен кривично правната одговорност која ќе биде утврдена од судовите, се разбира, како крајна консеквенца, ние би морале да водиме сметка и за т.н. политичка или морална одговорност. Ако некој вас ве спомнува, а вие не одговарате во однос на тие обвинувања, макар и да станува збор само за евентуална морална одговорност, вие треба да излезете и да одговорите, а ако немате што да кажете на таа тема – треба да се повлечете од политиката“, рече Пендаровски.

Зборувајќи во контекст и на новата влада, претседателот истакна дека отсекогаш неговиот став е дека не мора да се бара само кривично-правна одговорност.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски
- Реклама -