„ТВ21“: Дамјан Манчевски на местото на Драги Рашковски

Досегашниот министер за информатичко општество и администрација, а актуелен пратеник – Дамјан Манчевски, ќе биде поставен за нов Генерален секретар на Владата, на местото на Драги Рашковски, неофицијално дознава „ТВ21“.

Во одговор за „ТВ21“, Манчевски ниту ја потврдува, ниту ја демантира информацијата:

„Генерален секретар бира Владата на предлог на премиерот. Откако ќе се формира Владата, таа ќе донесе одлука и јавноста ќе биде соодветно информирана. Јас сум пратеник кој е целосно фокусиран на избор на новата Влада и реализација на програмските определби во корист на сите граѓани“, изјавил доскорешниот министер, кој на таа позиција ќе биде наследен од Јетон Шаќири од ДУИ.

- Реклама -