Пратеникот и претседател на Левица – Димитар Апасиев, кој редовно предизвикува реакции (позитивни и негативни) со своите статуси на социјалните мрежи, овојпат сподели нешто малку поинакво, приватно. Имено, се работи за фотографија на која тој е заедно со неговото синче, Исак.
Заедно со фотографијата, Апасиев напиша и цитат од Библијата. Како што можете да видите и самите, пораката повторно во својата суштина е политичка:
„А вашите ДЕЦА, за кои велевте дека ќе станат робови – нив ќе ги воведам да ја населат земјата што вие ја презревте“, порача Апасиев.