Алијанса и Алтернатива ја прифаќаат поканата на Ахмети: Средбата е инструмент за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија

Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села и Алтернатива предводена од Африм Гаши, ја прифаќаат поканата на лидерот на ДУИ – Али Ахмети, за средба на лидерите на секоја од политичките партии од албанскиот блок.

„Политичкиот механизам на заедничка средба е важен политички инструмент за координирање на позициите на албанските парламентарни партии и, како таков, сметаме дека треба да продолжи да се култивира за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија“, посочуваат од партијата, информира „ТВ21“.

Сепак, коалицијата бара однапред утврдена агенда за она што ќе се разговара на средбата, со цел, како што велат, да има суштински и плоден состанок, но и да се разгледа можноста средбата да не се одржи утре (на денот на потпишување на охридскиот Рамковен договор во 2001 година), туку на некој друг датум, по 17 август.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно
- Реклама -