„Во постот на Апасиев со кој директно ја
навредува другарката Радмила Шекеринска, се гледа омраза кон жените, воопшто, а уште појасно се гледа омразата кон жените кои се активни и гласни во политичкото делување“, реагираат од Форумот на жени на СДСМ.
„Тој со ова ја покажа својата ‘свежина’ што ја внесува на политичката сцена. Ова е она што најмалку му беше потребно на македонското Собрание“, се вели во реакцијата.
„Ние му порачуваме дека жени во политика кои се моќни има и ќе нѐ има уште повеќе. Политичари кои уште неседнати во фотељите покажаа агресија и недостоинство под секое ниво, уште повеќе нѐ охрабруваат да дејствуваме заедно!
Доаѓаме уште помоќни и уште повеќе… СДСМ Жени 💪“, порачуваат од Форумот.