Крмов во одбрана на сопартиецот: Ги плаши леснотијата со која другарот Апасиев го артикулира народниот гнев

Пратеникот Борислав Крмов од Левица застана во одбрана на својот сопартиец и колега пратеник откако дрскиот Фејсбук статус на Димитар Апасиев кон министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја подели јавноста и предизвика жестоки критики.

Според Крмов, вистинската причина за реакциите не е вулгapноста на Апасиев:

„Привилегираната класа не се грози од вулгарности, баш напротив. Тие се приватно многу повулгарни од обичниот народ. Привилегираната класа ја плаши леснотијата со која другарот Апасиев го артикулира народниот гнев и го прави видлив во јавниот дискурс. Зошто до скоро имаа монопол на него. Сега повеќе не“, пишува Крмов, додавајќи „#СистемотВиЕПробиен“ и „#ТекСеаПочињаме“ – пароли што членовите на Левица предводени од Апасиев редовно ги користат во јавната комуникација на социјалните мрежи упатена кон политичките елити.

Прочитајте и:  Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО

„Се моли ШЕЌЕРИНСКА да иде у пи*ку матер. Од Карпалак, па лево! #МинистеркаЗаОдбранаНаУЧК“, ѝ порача денеска Апасиев на Шекеринска, откако вчера на Фејсбук, во контекст на Карпалак, напиша „Воените злостopства не застаруваат!“.

- Реклама -