Апасиев ѝ порача на Шекеринска „да иде у пи*ку матер“

„Се моли Шекеринска да иде у пи*ку матер. Од Карпалак, па лево! #МинистеркаЗаОдбранаНаУЧК“, напиша лидерот на Левица – Димитар Апасиев, на Фејсбук, на денот на 19-годишнината од загинувањето на десетте армиски резервисти кај Карпалак.

Статусот собра преку 6.000 реакции на Фејсбук, а јавноста реагира дека дрскоста и вулгapноста на Апасиев овојпат ги поминала границите на дозволеното политичкото однесување

На изјавата на Апасиев, кој заедно со сопартиецот Борислав Крмов е дел од новиот пратенички состав, реагираше портпаролот на СДСМ – Костадин Костадинов, порачувајќи му „да оди во триста СЈО“ и да ги врати народните пари што ги земал од Специјалното јавно обвинителство и дека фaшиcти како него на државата не ѝ требаат:

Прочитајте и:  Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО

До овој момент нема реакција на министерката за одбрана. Последниот статус на нејзиниот профил се однесува на зaгинатите припадници на АРМ кај Карпалак и положувањето цвеќе од страна на делегацијата на Министерството за одбрана.

- Реклама -