Сведоштво на Македонец во Бејрут: Почнаа да пукаат сите прозорци од станот, силно ги гушнав децата

„Беше 18 часот и 15-ина минути. Се подготвував да излезам. Одеднаш се слушна силен звук и тресење на зградата, слично на земјотрес. Ги зедов децата и ги одвлеков да застанеме под вратата, каде што сметав дека е најбезбедно. Во тој момент само силно ги гушнав. Не знаев што друго да направам“, раскажува за „Факултети.мк“ Душко Ристовски, еден од веројатно двајцата Македонци кои живеат во главниот град на Либан – Бејрут, кој пред два дена беше погоден од разорна експлозија.

„За десетина секунди повторно се слушна силен звук и тресење, можеби петпати појако од претходното. Тогаш почнаа да пукаат сите прозорци од станот. Насекаде имаше стакло. Замислете, пукнаа и прозорците низ кои имаше метална мрежа. Тогаш сфатив дека не е земјотрес“, продолжува Душко, кој смета дека тоа што не излегол навреме од дома било пресудно што не се нашол меѓу повредените. Целото негово сведоштво прочитајте го ТУКА.

 

- Реклама -