Вознемирувачки снимки! Погледнете како жителите на Бејрут ја почувствуваа експлозијата во своите домови (ВИДЕО)

Неверојатно… Единствено така можат да се опишат сцените од Бејрут, главниот град на Либан, по експлозиите што се случија во пристаништето, во магацини полни со експлозиви.

Како што веќе објавивме, експлозијата била почувствувана дури и на Кипар. Разрушени згради, стопени автомобили, урнатини и огромен број на повредени, а веројатно и голем број на загинати – е резултатот. На социјалните мрежи веќе кружат видеа од болничките ходници, исполнети со повредени луѓе и кpв насекаде по подовите…

Дури и за многумина од оние посреќните во радиус на експлозијата, преживеаното не беше воопшто наивно. Како што може да се види од видеата што од минута во минута се множат на социјалните мрежи, освен невиден страв, многумина од нив претрпеа и демолирани станови и канцеларии. Ве предупредуваме, следниве видеа не содржат графички сцени, но се и те како вознемирувачки:

- Реклама -