Тимчо Муцунски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во новиот парламентарен состав, денеска имал непријатно прво искуство при доаѓањето на работното место во Собранието. Имено, не му било дозволено да го внесе својот електричен тротинет, со кој пристигнал на работа, во зградата.
„Сакав да дојдам со мојот електричен тротинет, но службите ме информираа дека не може да се внесе во салата“, се пожали Муцунски во изјава за медиумите пред влезот на Собранието, на пат кон конститутивната седница.
Според него, апсурдно е Собранието да исплаќа илјадници евра за патни трошоци, а да не е отворено кон алтернативни модели на превоз кои ја штитат животната средина. Оттаму, Муцунски најави борба за промена на собраниската бирократија.
„Собранието е подготвено да исплати илјадници евра патни трошоци, а истовремено има забрана за внесување на електрични тротинети во зградата… Собраниската бирократија мора да ја промениме, посебно кога е во интерес на животната средина и штедење на буџетски средства“, напиша пратеникот на Фејсбук.
Инаку, електричниот тротинет на Муцунски беше дел и од предизборната кампања: