Не два, туку 10 милиони евра украле газдите од државната помош за исплата на минималец од 14.500 денари за работниците, објави „Телма“, од владини извори.
Како што пренесуваат, во моментов се сумираат бројките и списокот со имињата на компаниите, кои денеска треба јавно да се објават, меѓу кои има и еден медиум.
Според „Телма“, и натаму расте сумата, но и бројот на компании чии газди ги злоупотребиле државните пари. Првично, УЈП објави дека се работи за 4.500 компании.
Освен тоа, по реакциите во јавноста, Генералниот секретаријат ќе бара од Обвинителството кривично да ги гони газдите, што значи дека парите ќе ги вратат со камати преку казни, а може да завршат и во затвop. Но, што е со граѓаните за кои беа наменети државните средства? Ќе ги добијат ли парите? Прочитајте ТУКА.