Новиот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ) – Шаќир Фетаху, е позитивен на коронавирус. Информацијата ја сподели на својот Фејбук профил.
„Грижејќи се за моето семејство, моите соработници, како и сите верници и граѓани, решив да направам тест за Ковид-19. За жал, тој излезе позитивен. Во моментов сè е нормално и нема никакви проблеми ниту симптоми. Јас се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум во домашна изолација. Таква е одлуката на Алах. Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и да се придржуваат кон препораките на надлежните органи“, порача Фетаху.
Иронично, за разлика од неговиот претходник – Сулејман Реџепи, кој го прогласи вирусот за умpeн, Фетаху набрзо по доаѓањето на функцијата реис изјави дека ИВЗ не е компетентна да одлучува дали вирусот постои или не и апелираше да се почитуваат препораките и мерките на компетентните и надлежните институции, бидејќи вирусот „не е шега и е многу опасен“.