Петок е неработен ден за граѓаните од муслиманска вероисповед

Претстојниот петок ќе биде неработен за граѓаните од муслиманска вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

„Согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 31 Јули, петок, Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.

МТСП, притоа, им го честита празникот Курбан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповед.

- Реклама -