„Вечер“: Поплаки дека СДСМ се обидува да ги насамари гласачите на ВМРО-ДПМНЕ да го шкртнат „Северна“ на гласачките ливчиња

Како што објави „Вечер“, во нивната редакција се јавиле неколку читатели за да ги известат дека по селата и помалите места низ Македонија, активисти на СДСМ делат отпечатени флаери со лажна препорака од ВМРО-ДПМНЕ до нивните гласачи, кога ќе гласаат да го заокружат бројот 14 (на коалицијата „Обнова на Македонија“) ама и да го прешкртаат зборот „Северна“ пред името Македонија каде што е наведена државата на гласачкото ливче.

Како што истакнува порталот, ваква диверзија би значела „доведување во заблуда на гласачите“, што е законски прекршок, а со цел ливчињата и со тоа гласовите за опозицијата, да се прогласат за неважечки.

За ливчето и гласот да бидат важечки, треба само да се заокружи бројот пред политичката опција за која гласате и ништо друго не смее да се пишува, шкрта или додава, додава „Вечер“.

За вакви обиди на социјалните мрежи, пред 15-тина минути реагираше и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ – Димче Арсовски, нарекувајќи го потегот „очаен“:

- Реклама -