Комисијата за заразни болести утрово одржала состанок на кој донела одлука да ѝ предложи на Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Препораката на Комисијата, како што рече, е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски потврди дека Владата добила таков предлог од Комисијата
„Да, денеска има таков предлог од Комисијата за заразни болести, ќе го разгледаме во најитен момент и врз основа на тоа ќе донесеме одлука“, рече тој.