Документи од цело турско се чуваат во Државниот архив, меѓу нив и настанот што ја инспирирал „Македонска крвава свадба“

Во сиџилите на „Битолкиот кадилак“ се среќаваат во изобилство лични имиња на муслимани и христијани, како и топоними, понекаде со број на куќи и жители. (Фото: В. Цветковски за СДК.мк)

Документи, султански наредби, како и податоци во врска со настан кој е искористен како мотив за пишувањето на „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински – содржи фондот во Државниот архив на Северна Македонија  „Битолски кадилак“, односно Битолски кадиски сиџили (сиџили – судски протоколи, судски записници). Станува збор за најзначаен фонд по обем и содржина, со голем број збирки и поединечни документи напишани на османски турски јазик, кој е еден од најзначајните фондови во архивот, пишува „САКАМДАКАЖАМ.мк“.

Фондот е составен од 185 книги кои се однесуваат на периодот од 1607 до 1912 година. Сиџилите се пишувани на османски турски јазик. Тие биле создавани во канцеларијата на кадијата и пишувани од кадиските писари, вели Воислав Цветковски од Секторот за заштита на архивскиот материјал во Државниот архив – ДЕПО, за порталот.

Според него, станува збор за континуитет од 505 години, односно нема година за која нема зачувано материјал или книга, што е реткост во архивските материјали, вели Цветковски. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

- Реклама -