Министерот за здравство Венко Филипче го разреши директорот на Центарот за јавно здравје – Арбен Зибери, инфомираат од Министерството.
Филипче го најави разрешувањето уште на вчерашната прес-конференција, набрзо откако во медиумите беше објавен Фејсбук постот на Зибери во кој се фали дека ДУИ и тој лично придонеле за отворање на границите за слободен проток на патници без ПЦР тест и 14-дневна самоизолација, при што ги повика иселениците да се вратат и да гласаат за премиер Албанец. Во меѓувреме следуваше јавна размена на критики, а се огласи и Антикорупциска, која оцени дека нема пречка за смена на Зибери. Целата приказна ТУКА.
Како што велат од Министерството за здравство, Зибери е разрешен поради пласирање на неточни изјави во јавноста, со кои директно наштетил на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести и го довел во во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.
По смената на Зибери, за заменик директор назначен е д-р Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.