13 лица во државен карантин поради прекршување на самоизолацијата, меѓу нив и полицаец

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 566 лица им се издадени решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјави за самоизолација, соопштуваат од МВР.

Извршени биле и контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што се откриени две лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Во однос на неносење лична заштита на лице, регистрирани се 707 прекршоци.

Од МВР исто така информираат дека од стапување на  сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација до сега, односно во периодот од 12 јуни до 22 јуни, во државен карантин на сопствен трошок се спроведени вкупно 13 лица. Еден од нив е полициски службеник, велат од Министерството.

Против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.

- Реклама -