Жарот на политичката битка не смее да го надвладее разумот и да се испречи пред здравјето на граѓаните, предупредува Филипче

„Апсолутно сите кандидати, партии, активисти, сите кои ќе бидат дел од камапањата, да бидат одговорни и да ги почитуваат, без исклучок, сите протоколи за заштита од коронавирусот“, апелира министерот за здравство Венко Филипче до сите политичкки партии и чинители кои учествуваат во изборниот процес, откако вчера беше овјавен датумот на кој ќе се одржат изборите.

„Жарот на политичката битка не смее да го надвладее разумот и во ниту еден момент политиката не смее да се исправи пред здравјето на граѓаните“, вели Филипче, потенцирајќи дека секоја активност мора да биде целосно прилагодена на препораките и дека очекува сите политички партии да постигнат согласност околу начинот на водење на кампањата при што ќе се даде целосен приоритет единствено на активности кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните.

„Уверен сум дека изборниот процес може да се организира на начин безбеден за сите учесници, а тоа е единствено можно само ако сите доследно се придржуваат до јасно пропишаните мерки на Комисијата за заразни болести“, истакнува министерот, додавајќи дека функционерите и лидерите на политичките партии и партиските активисти имаат обврска да бидат пример за сите за доследно придржување кон мерките за заштита на колективното здравје.

„Соочени со избори во време на пандемија, како земја мора да покажеме дека сме подготвени да одговориме и на овој предизвик, да одржиме фер и безбедни избори без ниту еден ризик по здравјето на граѓаните“, апелира Филипче.

- Реклама -