Пандемијата на коронавирусот ја „предвидел“ филм на Марвел од 2011 година? (прочитајте до крај)

Ако пандемијата на коронавирусот не е светска завера со некаква скриена цел (на пример, да нѐ чипираат), како тогаш можела да биде предвидена во блокбастер од 2011 година? – се прашуваат корисници на друштвените мрежи кои во сцена од филмот „Captain America: The First Avenger“ на студиото „Марвел“ препознаа слика од коронавирусот на билборд во центарот на Њујорк.

Имено, сцената споделена од Твитер корисникот William Mullally се одвива на њујоршкиот Тајмс Сквер, а во позадина има нешто многу интересно: Над десното рамо на Капетан Америка има билборд со пивото „Корона“. Над неговото лево рамо, пак, се гледа билборд со слика што периодов ни е многу позната и несомнено потсетува на коронавирусот гледан под микроскоп. Како што вели Твитер корисникот, тој самиот воопшто не е склон кон теориите на заговор, но откако сликата му ја пратил пријател, не можел да престане да мисли на неа.

„Пријател кој е целосно навлезен во Ковид теориите на заговор ми го прати постов што вели дека Капетан Америка ја предвидел пандемијата уште во 2011 година. Иако очигледно се работи за ср*ње, почнав сѐ повеќе да мислам на заокруженото десно на сликата“, пишува корисникот:

„Изгледа толку многу познато. Што е тоа? Почнав да истражувам“:

„По повикав и мојот пријател Вес напомош, кој најде почист скриншот и го зумираше. Сликата ни изгледаше уште попозната, но не можевме точно да посочиме од каде“:

„Открив кога е снимана сцената – 23 април, 2011 година“:

„Го пребарав секој филм и Бродвеј шоу излезено од април преку летото. Ништо… Почнав да гледам рандом YouTube видеа и да прегледувам слики од април 2011 од Тајмс Сквер. Немаше добра слика од постерот. Вес почна да пребарува на Bing и Google Street View… Конечно, го најдовме ова“:

„Го препознавме логото и колор шемата. Го решивме случајот“:

„Шпагети се“:

Заклучок: Ете како, почитувани читатели, човечкиот ум – по пат на логична корелација која не гарантира вистинитост, од реклами за пиво и шпагети може да создаде теорија на светски заговор. Впрочем, така настануваат и најголемиот дел од нив – неосновано одбирајќи да се верува во само еден од можните одговори на она што на прв поглед делува „необјасниво“.

via

- Реклама -