„Алсат“: Филипче го повлече предлогот на Комисијата за враќање на полициски час

Владата ни денеска нема да донесе одлука за полициски час, бидејќи, како што објави „Алсат“, министерот за здравство Венко Филипче го повлекол предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час во кризните градови/општини со почеток од 22 часот секој ден.

Според „Алсат“, причината за повлекувањето на предлогот се аргументите против враќањето на рестрикцијата на движење. Според нивните извори, предлогот ќе биде вратен во Комисијата за заразни болести.

Како што објасни претседателот на КЗБ – прим д-р. Жарко Караџовски, на вчерашната прес-конференција, Комисијата е само експертско советодавно тело на министерот Филипче и не е инволвирана во донесувањето на одлуките.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ќе донесеме нов Кривичен законик, но согласно европските стандарди, а не според нечии потреби
- Реклама -