Позитивниот тест не значи и дека сте заразни – малку веројатно е луѓето да пренесат Ковид-19 по осум дена од првите симптоми

Магазинот Nature, едно од најеминентните научни списанија во светот, ја прочешла најновата литература за истражувањата околу коронавирусот и направи резиме на најновите сознанија, пренесува „ОФФ.нет“.

Така на пример, истражувањата покажуваат дека носот веројатно е главниот влез за вирусот во нашето тело, како и дека Ковид-19 може да оштети многу органи во телото: мозокот, срцето, црниот дроб и бубрезите.

Но, има и добри вести. Пред сѐ, дека позитивниот тест на коронавирус не мора да значи и дека сте заразни – имено, мали се шансите луѓето со Ковид-19 да го пренесат коронавирусот ако повеќе од 8 дена се поминати откако им се појавиле симптомите, покажуваат експериментите во клетки на мајмуни. Џејмс Булард од Универзитетот во Манитоба во Винипег, Канада, заедно со неговите колеги, култивирале клетки од мајмуни со 90 човечки примероци кои биле позитивни на SARS-CoV-2 РНК и утврдиле дека РНК-позитивните примероци собрани по повеќе од 8 дена од појавата на првите симптоми кај лицата од кои биле земени – не ги заразуваат клетките. Тоа сугерира дека луѓето кои се позитивни на тестовите за вирусна РНК не значи и дека се заразни. На терен, тоа значи дека хоспитализираните пациенти кои сѐ уште се позитивни на вирусна РНК и недели откако почнале да се чувствуваат лошо, не мора да бидат толку ригорозно изолирани, според тимот.

Меѓу најновите сознанија е и тоа дека децата и младите под 20 години имаат многу помалку шанси (56%) да бидат заразени. И уште една многу важна – дека маските помагаат.

Во однос на терапијата, истражувањата покажуваат дека инфузија од преживеаните пациенти помага на оние кои се третирани со неа. За развој на вакцина, пак, најмногу надеж влеваат силните антитела на оние пациенти кои преживеале сериозна клиничка слика на Ковид-19. Повеќе ТУКА.

- Реклама -