Шпанија го ревидираше бројот на пoчинати од Ковид-19, го намали на 26.834

Владата на Шпанија – една од земјите најпогодени од пандемијата на Ковид-19, направи ревизија на податоците за жpтвите од коронавирусот, намалувајќи го официјалниот биланс за речиси 2.000.

Во неделата, Шпанија објави дека има вкупно 28.752 пoчинати. Со ревизијата, нивниот број е намален на 26.834 cмpтни случаи, односно 1.918 помалку.

„Со новиот систем на следење се овозможува избегнување на двојно пребројување на случаите, потврдување на податоците поврзани со коронавирусот и eлиминациja на cмpтните случаи погрешно припишани на Ковид-19“, објасни директорот на Итните служби – Фернандо Симон. „Разликата од 1918 лица е голема и тоа ќе го провериме“, додаде Симон, „но ова се податоците кои ни се достапни во моментов“.

Шпанското министерство, исто така, го ревидираше и бројот на потврдени случаи, но таму ревидираната бројка далеку помалку се разликува од претходната, за разлика од оваа на пoчинатите.

„Тоа (грешки и ревизии) се случува во текот на сите епидемии, кога поради развојот на настаните имаме премалку време за проверка на податоците“, објасни Симон.

- Реклама -