НАТО ја поправи грешката во графата за државјанство

НАТО се корегираше и ја поправи грешката во графата за државјанство, соопшти денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.

„Зборувавме со НАТО и ја поправија грешката. Благодарност до добронамерните на укажувањето. За некои пак, веќе нема да има причина за (зло)радост. Инаку, графата е за државјанство, не за eтнички идeнтитет. Nаtiоnаlitу и citizenship се синоними, иако нaциoналнocт и државјанство не се“, напиша Димитров.

Корекцијата следува откако граѓани на друштвените мрежи реагираа дека во апликациите за работно место, во документите на Алијансата место „македонско“ во графата за државјанство стои само „државјанин на Северна Македонија“.

 

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг
- Реклама -