Реисот Сулејман Реџепи кој 4 години беше сингл, одлучил повторно да се жени, објави „Шкупи Нисма“ на социјалните мрежи, а веста ја пренесуваат и дел од медиумите на албански јазик.
„Неговите 74 години не го спречија Сулејман Реџепи да создаде нова лубовно-брачна врска со 50 години помлада девојка. Џематот ни сподели и повеќе информаци, но ние нема да се занимаваме со ничија приватност. Му посакуваме живот како што заслужил“, се вели во објавата на „Шкупи Нисма“ на Фејсбук, кој редовно ги критикува политиките на ИВЗ.
Порталот „ШќипМедиа“ контактирал со објавувачот на информацијата, кој ја потврдил веста и додал дека утре ќе објават и фотографи од новата невеста на Реисот, пренесуваат медиумите.