„Кривичниот суд, како што доликува на слоганот ‘Во името на граѓаните на РСМ’, од донациите на 48 судии, обезбеди 50 – тина плати , односно барем за еден месец спречи 50 – тина отпуштања на работници кои се најзасегнати од последиците поврзани со пандемијата од вирусот КОВИД – 19“, соопштија денеска од судот.
„Коко никогаш досега, со исклучок на пет судии, судиите од Кривичниот суд покажаа единство, колегијалност, а воедно и чувство за солидарност, правичност и етичност со граѓаните, па имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа државата, донираа вкупно 575.320 денари или во просек по 12.000 денари од судија што е повеќе од 20% од судиската плата.
Со овој гест како судии ги потикнуваме, охрабрувавме и повикуваме во стилот на ‘ice bucket challenge’ сите граѓани со примања над 40.000 денари како и сите други функционери и фели, да го следат примерот на судската фела, да донираат вака значителен износ од сопствените примања и да покажат солидарност со оние кои на сопствен грб почуствуваа најголеми штети во овие тешки времиња, покажувајќи воедно грижа за нивното здравје и опстанокот на нивните семејства и секако подршка за сите здравствени работници кои се на првата борбена линија.
Имајќи предвид да примањата по разни основи (плати, додатоци, авторски права и сл.) на дел од адвокатите, нотарите, сопствениците и уредниците на медиумите, директорите и раководителите во банките, телекомуникациските оператори, ЕВН, претседателите и нивните соработници во синдикалните организации, сопственици на угоститлски објекти и обложувалници се повисоки од оние на судиите во Кривичниот суд, ги предизвикуваме да покажат доблест и солидарност, да донираат сразмерно со нивните примања, а потоа да повикаат и други граѓани да донираа со цел да им помегнеме на оние на кои им е најпотребно“, се вели во соопштението.