Филипче: Ќе побараме продолжување на вонредната состојба

Комисијата за заштита од заразни болести ќе побара продолжување на вонредната состојба, од повеќе причини, пред сѐ поради задржување на механизмите што овозможуваат имплементација на препораките, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Дел од мерките важат само за време на вонредна состојба, а истовремено е од клучно значење тие да останат во сила, како инструмент со кој Комисијата за заразни болести ќе може да продолжи, преку владата, да ги имплементира мерките против ширење на коронавирусот, појасни Филипче, наведувајќи дека една од тие мерки е рестрикцијата на движење, но и другите донесени уредби.

Филипче оцени дека епидемијата стивнува – инциденцата е намалена, бројот на пaциенти е под контрола. Тоа е резултат, порача тој, на позитивните ефекти токму од рестриктивните мерки, меѓу кои и затворените граници, училишта и градинки.

Прочитајте и:  Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО
- Реклама -