Сервер: Само несигурните луѓе водат грижа за својот идентитет

Тоа дали некои личности од 19 век се чувствувале како Бугари или нешто друго треба да се остави да го решаваат историчарите, но тоа со ништо не придонесува за подобрување на животот на граѓаните во Бугарија и Северна Македонија, смета американскиот експерт за Балканот и професор по напредни меѓународни студии на универзитетот „Џон Хопкинс“ – Даниел Сервер.

„Само луѓето кои се несигурни во својот идентитет, водат грижа за идентитетот“, вели Сервер за МИА, прашан дали ЕУ и Вашингтон треба да дозволат позицијата на Софија за македонскиот јазик и историјата да стане услов за влез на земјава во ЕУ.

Неговата изјава радо ја пренесоа бугарските медиуми.

 

- Реклама -