Фејсбук статус на Владимир Милчин – поранешен извршен директор на Фондацијата „Отворено општество“
Мнозина прелажа прематарот Зоран Заев и мнозина одбиваа да си поверуваат на очите. Измамите ги разубавуваа оние малцина купени трабанти. Се најдоа такви и во граѓанскиот сектор, но тие не беа и не се мнозинство. Најголемиот дел граѓани и граѓански активисти веруваа во “Нема правда, нема мир!”. Најголемиот дел сметаа дека груевизмот е дното. А сега веќе не гледаат битна разлика меѓу двата, односно трите политички вируси кои ја заразија Македонија со болеста со четири симптоми: Клиентелизам, Корупција, Непотизам и Рекет.
Зоран Заев лажел и се фалел како батко Ѓорѓија дека сите и сето е његово во земјичкава и дека нему му се може да купува и продава небаре е новиот Чичиков. Но, за разлика од оној Гоголевиот, нашиов купува и мpтви и живи души.
Не знам кој е соговорникот кому Заев продавал басми дека се е његово, па не знам заради што лажел. Дали сакал да го купи или да го уплаши? Во крајна линија, не е ни важно…
Она што е важно е да се потсетиме дека граѓаните и граѓанските организации го почнаа отпорот кога од СДСМ немаше ни трага ни глас. Граѓаните за европска Македонија се огласија набргу по Букурешт, веќе во втората година на груевизмот. Јас бев извршен директор на Фондацијата отворено општество Македонија од септември 1992 до 30 јуни 2015 година и можам да гарантирам дека фондацијата не била Заева. За годините потоа не сум овластен, но се надевам дека ќе се огласат овластените.
Она што не ме изненади беше неговата одлука СДСМ да ја напушти коалицијата За Македонија, но ме изненади што беше прекршен договорот тоа да се соопшти на заедничка прес-конференција на СДСМ и невладините организации и иницијативи. За тоа од невладините беше задолжен Марјан Забрчанец, кој преку ноќ стана шеф на агитпропот на власта.
Ајде! Беше трн во окото. Затоа се случи масовниот уредно пријавен протест пред Уставниот суд да биде оневозможен така што на Стевче му беше дозволено без пријавување да го запоседне просторот. Да потсетам, министер за внатрешни работи беше Оливер Спасовски, сегашен технички премиер, човек од доверба на Заев. Граѓаните не беа пропуштени до платото од полицискиот кордон со водени топови вперени во нив. Таа драматична вечер го најави идниот трансфер од невладиниот во владиниот сектор.
Некои преминаа верувајќи дека ќе можат да придонесат за намалување на штетите, а некои заради привилегиите што ги дава власта. Пуста власт, мила…
За Шарената револуција и за одбраната на СЈО знам толку колку што знаат присутните граѓани.
Заев сега се соочува со тоа дека има и такви кои не беа и не се на продажба. Тоа се тие кои нема да излезат на избори зашто немаат избор.