Кривата ја израмнивме, но да бидеме одговорни

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција ја соопшти донесената одлука на Владата во врска со полицискиот час за време на првомајските празници. Тој соопшти дека денес на седницата на Владата разгледувани се мерките и се донесе одлука на 1, 2 и 3 мај дозволено е движење од 5 до 14 часот, а одделени се лицата на 67 години и децата до 18 години.

„Со ова граѓаните имаат доволно време и да прошетаат и да ги набават потребните намирници и да нема гужви во пазарите и маркетите, но сепак мора да се носи заштитната опрема и да се држи дистанца. Сите имаме подеднаква одговорност и не смее да дозволиме да ни се уништи се она што до сега го направиме заедно. Кривата на епидемијата е израмнета и имаме линеарен број на случаи. Лично секој граѓанин треба да се заложи за тоа и постепено ќе го вратиме животот во нормала”, вели Филипче.

Во врска со лекувањето со крвна плазма Филипче извести дека за денес биле закажани двајца оздравени пациенти и треба да се почне со лекување на првиот пациент, но за тоа рече ќе извести откако ќе провери за деталите.

- Реклама -