СЗО: Поради пандемиjaта, во прекин е снабдувачката со вaкцини, а наскоро и со храна

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ја забрзува испораката на дијагностички тестови и заштитна опрема за Ковид-19, при што новиот фокус е Латинска Америка. Од друга страна, СЗО алармира дека поради пандемијата на коронавирусот во прекин е и глобалната испорака на вaкцини за други болести, а тоа може да стане случај и со храната.

Според Пол Молинаро – шеф на одделот за поддршка и логистика на СЗО, прекинати се глобалните пратки на вaкцини во април. На брифингот од седиштето на организацијата во Женева, тој предупреди дека ако таквата ситуација продолжи и во мај, ќе се јави дyпка во имyнизацијата, но и прекин во снабдувачката со храна.

„Видовме како системски се гаси меѓународниот воздушен сообраќај од кој сме прилично зависни. Такашто, сега сме во фаза кога за тоа мораме да побараме решенија“, рече Молинаро на онлајн брифингот.

Тој додаде дека СЗО „секогаш е подготвена да прифати повеќе понуди“ од страна на комерцијалните авиокомпании.

Што се однесува до заштитната опрема за Латинска Америка, Панама ќе биде средиштето за регионалната дистрибуција.

- Реклама -