Носењето маска ви пречи на ушите? Еве неколку трикчиња од медицинските работници (ФОТО/ВИДЕО)

Во беспоштедната борба ширум светот против коронавирусот, покрај со зacтрашувачката реалност дека го ризикуваат сопственото здравје грижејќи се за пaциeнти кои можат да им го пренесат вирусот, здравствените работници се соочуваат и со низа помали (но не и мали) непријатности кои најдобро тие ги чувствуваат на своја кожа. Буквално.

Ова особено се однесува на носењето маски кои се дизајнирани да се прицврстуваат зад ушите. Здравствените работници, соочени со тоа да мораат постојано да ги носат, сѐ повеќе стpaдаат од оштетување на кожата.

Маката е мајка на иновацијата, па така, како најпогодени, не е ни чудно што токму медицинските работници ги имаат најкреативните совети за тоа како да ги заштитите ушите. Сега кога носењето маски е задолжително и за сите граѓани кога се движат во затворени простори или не можат да ја запазат безбедната дистанца од 2 метри, овие трикчиња се покажуваат и тоа како корисни и за нив.

На пример, оние што сакаат да си играат со иглa и конец и копчиња, можат вака:

Други пак, преферираат да ја користат косата наместо ушите:

Следниов е веројатно еден од најдобрите и наједноставните трикови. Сѐ што ви треба е да исечете стара маица:

Сепак, ако брзате и барате нешто поедноставно, здравствените работници се сложни дека одлично решение е и една обична голема спајалица (по нашки спојувалка):

Денеска министерот за здравство Венко Филипче истакна колку е важно правилно да се користи заштитната опрема, споделувајќи ги основните правила на ставањето, носењето и вадењето на маската.

 

- Реклама -