Нарачаните 31 респиратори нема да бидат испорачани, информираат од Министерството за здравство

Двете компаниите кои го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa го известиле Министерството за здравство дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторите согласно договорот, информираше денеска Министерството.

Од овие причини, велат оттаму, јавната набавка ќе биде поништена и повторно распишана.

Од Министерството потсетуваат дека земјава доби 12 респираторни машини од Европската Унија, со што се надополнија посточеките капацитети и заедно со нив во моментов во здравствените институции ширум земјата има на располагање преку преку 130 респираторни машини. Во моментов на респираторна машина се приклучени вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10%, додаваат од Министерството за здравство.

- Реклама -