Гpyбите пресметки покажуваат дека банките добро ќе профитираат од коронавирусот, вели професорот Бранимир Јовановиќ – поранешен советник на ексминистерот за финансии Драган Тевдовски, во емисијата „Click Plus“ на „ТВ21“.
„Една гpyба пресметка кажува дека банките профитираа повеќе од 100 милиони евра, затоа што наплатуваат камати, а можеа да се откажат од тоа“, рече тој.
Сепак, Јовановиќ не ги обвинува самите банки.
„Банките секаде во светот се исти и исто функционираат. Сметам дека Владата мораше да им наметне на банките, во периодот кога се одложени обврските, да не може да се пресметува камата“, рече Јовановиќ.